Време- Облачно и ветровито. Попладне и во текот на ноќта врнежи од дожд

Променливо облачно со слаб до умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Попладне најпрвин во западните делови ќе започнат врнежи од дожд, кои во вечерните часови и во текот на ноќта ќе се прошират насекаде и локално ќе бидат пообилни (над 25 л/м2). Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 21 до 26 степени.

