Денеска во Македонија ќе преовладува променливо облачно време со локални врнежи од дожд. На повисоките места и на планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен југоисточен ветер. Повеќе врнежи ќе има во западните делови од земјава особено попладне и во ночните часови. Дневната температура ќе се движи во интервал од 1 до 10 степени. Слично време се очекува и во четврток.
Извор: УХМР
Strugaonline
Facebook Коментари