Денеска во Македонија ќе преовладува променливо облачно време, околу пладне нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално, процесите се очекува да бидат поинтензивни во форма на невреме со појава на град. УВ индексот ќе има вредност 6, а дневната температура ќе се движи во интервал од 20 до 30 степени. Слично време ќе имаме и во текот на следните три дена, а во вторник се очекува и осетен пад на температурите. Истите ќе се движат во интервал од 19 до 25 степени.
Извор: УХМР
Strugaonline
Facebook Коментари