Време: Облачно со обилни врнежи од дожд

- Македонија
884

Денеска во Македонија ќе преовладува променливо облачно време со врнежи од дожд кои на места ќе бидат пообилни,  особено во јужните и западните делови. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер, а дневните температури ќе се движат во интервал од 4 до 13 степени. Слично време ќе се задржи и во текот на викендот, со пониски температури. Во недела, предвидено е максималната температура да го достигне 11-от степен.

Извор: УХМР

Strugaonline

Facebook Коментари