Денеска ќе преовладува променливо облачно време, од пладневните часови од запад ќе се прошират врнежи кои на пониските места ќе бидат од дожд и ќе преминуваат во снег. На планините и на повисоките места врнежите ќе бидат од снег. Преку ноќта врнежите ќе престануваат. Ќе дува умерен северозападен ветер кој долж повардарието ќе засилува. Дневната температура ќе се движи во интервал од 6 до 11 степени.
Утре ќе биде променливо облачно и студено, од пладневните часови ќе има локални врнежи од снег поинтензивни во западните делови од земјата. Ќе дува умерен северен ветер кој од вечерните часови ќе засилува долж Повардарието. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 0 до 8 степени.
Извор: УХМР
Facebook Коментари