Време-Облачно со максимална температура до 19 степени

- Македонија
448

Претпладне со умерена до значителна облачност, по котлините магливо. Од пладнивните часови облачноста ќе се намали, а маглата ќе ослабе. Во повисоките планински подрачја претежно сончево преку целиот ден. Наместа ќе дува слаб јужен ветер. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 12 до 17 степени. Утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност, по котлините со појава на магла. Попладне и претежно во западните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 11 до 19 степени.

Извор: УХМР

Facebook Коментари