Време-Облачно со обилни врнежи од дожд

- Македонија
364

Денеска ќе преовладува  облачно време со пообилни и на места поројни врнежи од дожд (над 20 л/м2) , а на повисоките планини од снег. Од вечерните часови понекаде во планинските региони ќе има услови за појава на замрзнат дожд. Ќе дува и умерен до засилен југоисточен ветер. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 11 до 13 степени. Утре ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд, особено претпладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 7 до 14 степени.

Извор: УХМР

Facebook Коментари