Време: Облачно со пороен дожд и грмежи

- Македонија
595

Денеска ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд и грмежи, особено попладне кога на места процесите ќе бидат поинтензивни. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, најизразен вдолж Повардарието. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 15 до 27 степени. Утре претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, попладне на места нестабилно со пороен дожд, грмежи и краткотрајно засилен ветер.Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 21 до 28 степени.

Извор: УХМР

Facebook Коментари