Време-Облачно со повремен дожд

- Македонија
484

Денеска претпладне од запад ќе се прошири облачност. Попладне претежно во западните и северните делови ќе има повремен дожд, само на највисоките планини од снег. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер кој краткотрајно ќе засилува долж Повардарието и во крајните западни делови. Дневната температура ќе се движи во интервал од 10 до 17 степени. Утре ќе биде  променливо облачно со врнежи од дожд, на места пообилни со услови за појава на грмежи и силен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец кој ќе засилува долж Повардарието. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 11 до 17 степени.

Извор: УХМР

Facebook Коментари