Денеска во првата половина од денот ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд и грмежи. Попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. УВ индексот ќе има вредност 7, а дневната температура ќе се движи во интервал од 27 до 35 степени. Утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Дневната температура ќе се движи во интервал од 27 до 36 степени.
Извор: УХМР
Facebook Коментари