Време: Облачно со слаби врнежи од дожд

- Македонија
616

Денеска во Македонија ќе преовладува умерено облачно време со магла по котлините. Во крајните западни делови можни се слаби врнежи од дожд, на планините слаб снег. Mинималната утринска температура ќе се движи од -5 до 0 степени, а максималната дневна од 2 до 11 степени. Утре ќе преовладува претежно облачно време со локален дожд, а на планините со повремен снег. По одделни котлини ќе има појава на магла. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 1 до 9 степени.

Извор: УХМР

фото: архива

Facebook Коментари