Време: Облачно со врнежи од дожд

- Македонија
553

Денеска во Македонија ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег . Врнежите ќе бидат пообилни во источните делови каде вкупната количина на наврнат воден талог ќе биде над 30л/м2. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 6 до 9 степени. Утре ќе преовладува претежно облачно време, претпладне со магла по одделни котлини. Во текот на денот со повремени слаби врнежи од дожд на пониските и од снег на повисоките места и на планините. Почнувајќи од утре, дневните температури ќе бидат во пораст.

Извор: УХМР

Strugaonline

Facebook Коментари