Денеска ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Пообилни врнежи ќе има во западните делови каде на планините снежната покривка ќе се зголеми. Ќе дува засилен, повремено силен ветер кој локално ќе достигнува над 70 км/час и на планините ќе услови појава на снежни наноси. Дневната температура ќе се движи во интервал од 7 до 14 степени. Утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Дневната температура ќе се движи во интервал од 8 до 15 степени.
Извор: УХМР
Facebook Коментари