Денеска ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, на места поројни и пообилни (над 20 л/м2) проследени со силен ветер кој ќе достигнува брзина и над 70 км/час. На планините на северозапад врнежите ќе бидат од снег, а попладне ќе преминуваат во снег и на некои повисоки места. Претпладне ќе дува умерен до засилен југозападен ветер, кој попладне ќе го промени правецот во северен и дополнително ќе засили. Во текот на ноќта особено вдолж Повардарието ќе дува силен северен ветер. Дневната температура ќе се движи во интервал од 8 до 15 степени. Утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност, ветровито и студено. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Дневната температура ќе се движи во интервал од -2 до 6 степени.
Извор: УХМР
Facebook Коментари