Време: Облачно со врнежи од дожд, на планините и некои пониски места снег

- Македонија
489

Денеска ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места со повремен снег. Во текот на денот границата на снежните врнежи ќе се спушта, па врнежите ќе преминуваат во снег и на некои пониски места во западните делови. Најобилни врнежи се очекуваат на западот (локално над 25 л/24ч), каде на планините снежната покривка ќе се зголеми, а до крајот на денот мала снежна покривка ќе се формира и на некои пониски места. Претпладне ќе дува умерен јужен, а попладне засилен северозападен ветер, особено вдолж Повардарието. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 5 до 13 степени. Утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер, особено претпладне. Дневната температура ќе се движи во интервал од 5 до 11 степени.

Извор: УХМР

Facebook Коментари