Време-Облачно со врнежи од дожд, на планините од снег

- Македонија
470

Денеска ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Попладне врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и во некои од повисоките места. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 5 до 11 степени.

Извор: УХМР

Facebook Коментари