Време- Облачно со врнежи од дожд, на планините снег

Денеска ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, на планините и на некои повисоки места со врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 5 до 11 степени.
Утре ќе биде облачно со врнежи од дожд, на планините од снег. Врнежите ќе бидат пообилни попладне и во текот на ноќта. Поради продор на постуден воздух повремено врнежите ќе преминуваат во снег и на некои пониски места. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец, кој кон крајот на денот ќе го промени правецот во северен. Дневната температура ќе се движи во интервал од 3 до 10 степени.
Извор : УХМР

