Денеска ќе преовладува облачно време, во целава земја со врнежи од снег, пообилни во западните делови. Насекаде ќе се формира нова снежна покривка, на планините позначителна. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од -3 до 2 степени. Утре ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од снег, пообилни во јужните делови. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Дневната температура ќе се движи во интервал од -2 до 3 степени.
Извор: УХМР
Strugaonline
Facebook Коментари