Денеска во Македонија ќе преовладува променливо облачно и студено време со повремени врнежи од снег кои ќе имаат слаб до умерен интензитет. Повеќе снежни врнежи ќе има на западот и југот од земјава. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а дневнатата температура ќе се движи во интервал од -7 до 3 степени. Во среда се очекуваат ниски утрински температури кои ќе се движат во интервал од -9 до -2 степени, а локален снег ќе има во јужните делови од земјава. Особено студено ќе биде утрото во четврток кога на места се очекува температурата да се спушти до -15 степени.
Извор: УХМР
фото: архива
Strugaonline
Facebook Коментари