Денеска ќе преовладува претежно облачно време, попладне и во текот на ноќта кон недела со врнежи од дожд кои поради продор на постудена маса ќе има услови повремено да преминуваат во снег и на некои повисоки места во северните делови, а можна е и локална појава на замрзнат дожд. Ќе дува слаб до умерен, вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 6 до 11 степени.
Утре ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд,. Пообилни врнежи ќе има во северозападните делови каде повремено ќе бидат поројни. Ќе дува слаб до умерен ветер кој во текот на денот ќе премине од северен во јужен. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 4 до 13 степени.
Извор: УХМР
Facebook Коментари