Време: Облачно со врнежи од дожд и снег

- Македонија
817

Денеска во Македонија ќе преовладува претежно облачно време, во западните и јужните делови со слаб локален дожд, а на планините слаб снег. Ќе дува слаб, во западните делови умерен ветер од источен правец. Дневната температура ќе се движи во интервал од 3 до 10 степени.

За време на викеднот врнежите ќе бидат со слаб, а во западните и јужните делови повремено со умерен интензитет. Од недела поради спуштање на постудена воздушна маса, врнежи од снег можно е да има и на некои повисоки места.

Извор: УХМР

Strugaonline

 

Facebook Коментари