Време: Од петок се очекува значително постудено време

- Македонија
612

Температури значително под просекот за овој дел од годината но и северен ветер ќе услову студениот фронтален систем кој од четврток ќе ја зафати нашата држава. Исто така во во четврток ќе има зголемена облачност и се очекуваат повремени врнежи од дожд претежно со слаб до умерен интензитет и истите ќе бидат од локален карактер. Денес и утре преку ден ќе биде најтопло кога максимумот на температурите ќе се искачува во интервалот од 28 до 35 степени додека во четврток иситте ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 29 степени. Веќе во петок максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 25 степени. Поради разведрувањето во сабота ќе имаме  многу постудено  утро кога минималните температури ќе се спуштаат во интервалот дури од -1 до 10 степени во најтоплите предели од државава додека на високите планини ќе биде уште постудено. Ниски температури наутро ќе имаме и во недела како и на почетокот од следната недела.

Во Струга и околината денес и утре максимумот на температурата ќе се искачи до околу 28 степени додека најголем пад истата ќе има во петок и ќе се искачи само до околу 19 степени. Во сабота наутро минималната температура ќе се спушти до околу 7 степени. Во четврток облачноста ќе се зголеми и особено попладнето и вечерва ќе има повремени врнежи од дожд.

Подготви: Славчо Попоски 

фото: архива

Facebook Коментари