Време- Посвежо со засилен ветер и можност за пороен дожд

- Македонија
493

Денеска ќе преовладува посвежо време особено во северните делови и ќе преовладува променливо облачно време со изолирана појава на повремен пороен дожд со грмежи, краткотрајно и како невреме со засилен ветер, и појава на град. Во западните делови ќе дува засилен ветер од западен до југозападен правец. УВ=6. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 25 до 33 степени. Утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. УВ=8. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 26 до 35 степени.

Извор: УХМР

Facebook Коментари