Време-Претежно облачно со врнежи од дожд

- Македонија
448

Денеска ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, пообилни во југоисточните делови каде ќе бидат поројни и проследени со ретки грмежи и засилен ветер. На планините врнежите ќе бидат од снег, а во западните делови претпладне ќе преминуваат во снег и во повисоките населени места. Снежната покривка на планините ќе се зголеми. Дневната температура ќе се движи во интервал од 6 до 11 степени. Утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми и во ноќните часови во западните делови ќе има врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 6 до 12 степени.

Извор: УХМР

Facebook Коментари