Денеска ќе преовладува претежно сончево време, претпладне во јужните делови со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 16 до 22 степени.
Утре наутро со појава на магла и ниска облачност по котлините и речните долини. Преку денот сончево со мала, а во западните делови умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 18 до 22 степени.
Извор: УХМР
Facebook Коментари