Време- Претпладне облачно и ветровито, попладне облачноста ќе се намали

- Македонија
398

Денеска претпладне ќе преовладува променливо облачно време, а попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен и западен правец. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 16 до 24 степени. Утре ќе биде сончево со умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец, кој во западните делови повремено ќе засилува. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 17 до 25 степени.

Извор: УХМР

Facebook Коментари