Денеска ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и со умерен до засилен ветер од јужен правец. Попладне ќе има локална појава на дожд и грмежи. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 22 до 29 степени. Утре ќе биде сончево и топло со умерена облачност и слаб до умерен ветер од западен правец. Попладне ќе има изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 23 до 30 степени.
Извор: УХМР
Facebook Коментари