Време-Претпладне променливо облачно со слаб дожд, попладне сончево

- Македонија
537

Денеска претпладне ќе биде променливо облачно со услови за слаб локален дожд на истокот од земјава. Попладне облачноста ќе се намали и ќе преовладува сончево време. Ќе дува засилен ветер од северозападен и северен правец, особено изразен во поширокото Повардарие, каде ќе достигнува брзина и над 70 км/час. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 15 до 22 степени.

Утре ќе биде сончево и потопло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 21 до 29 степени.

Facebook Коментари