Време- Претпладне со сончеви периоди, попладне со врнежи од дожд

- Македонија
692

Променливо облачно, претпладне со сончеви периоди, особено на истокот. Од попладневните часови на запад ќе започнат врнежи од дожд, кои ќе продолжат и во ноќта и ќе се прошират насекаде. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен, а од пладне повремено засилен југоисточен ветер. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 6 до 13 степени. Утре ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд, претежно во крајните планински региони. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 6 до 14 степени.

Извор: УХМР

Facebook Коментари