Време-Претпладне сончево и топло, попладне локален дожд и ретки грмежи

- Македонија
402

Денеска ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена локална облачност и со умерен до засилен ветер од југозападен правец. Попладне ќе има појава на локален краткотарен дожд и ретки грмежи. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 20 до 26 степени. Утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со услови за локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од југозападен правец. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 19 до 24 степени.

Извор: УХМР

Facebook Коментари