Време: Претпладне сончево и топло, попладне пороен дожд и грмежи

- Македонија
558

Денеска во Македонија ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Попладне на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, и услови за изолирана појава на град. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 18 до 25 степени. Утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне на места ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 18 до 26 степени.

Извор: УХМР

Facebook Коментари