Време: Претпладне сончево и топло, попладне пороен дожд и грмежи

- Македонија
524

Денеска ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност, попладне особено во планинските региони ќе има локална нестабилност со пороен дожд и ретки грмежи. УВ индексот ќе има вредност 9, а максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 27 до 34 степени. Утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне со појава на изолирана нестабилност со локален пороен дожд и грмежи. УВ индексот ќе има вредност 8, а максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 28 до 36 степени.

Извор: УХМР

 

Facebook Коментари