Денеска ќе преовладува претежно сончево и топло време, попладне со изолиран развој на нестабилна облачност, проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. УВ индексот ќе има вредност 9, дневната температура ќе се движи во интервал од 29 до 37 степени. Утре ќе биде претежно сончево и топло, попладне со изолиран развој на нестабилна облачност, проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието засилен ветер од северозападен правец. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 30 до 39 степени.
Извор: УХМР
Facebook Коментари