Време: Претпладне сончево, попладне услови за локален пороен дожд

- Македонија
789

Претпладне ќе преовладува сончево и многу топло време. Од попладневните часови облачноста ќе се зголемува и ќе дува умерен северен ветер. Во северните делови од земјава ќе има услови за појава на локален пороен дожд проследен со грмежи. УВ индексот ќе има вредност 8, а дневните температури ќе се движат во интервал од 26 до 36 степени. Во наредните денови ќе преовладува претежно сончево време со температури кои ќе бидат во пораст.

Извор: УХМР

Facebook Коментари