Време: Променливо облачно со дожд и максимални 12 степени

Денеска во Македонија ќе преовладува променливо облачно време со врнежи од дожд кои ќе започнат на запад во претпладневните часови. Од пладневните часови врнежите ќе се прошират кон исток, а во текот на ноќта ќе бидат поинтензивни насекаде. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Дневната температура ќе се движи во интервал од 8 до 12 степени. Утре ќе биде речиси идентично како и денеска , но потопло со максимални 14 степени. Најтопло ќе биде во среда со максимални 19 степени.
Извор: УХМР
Strugaonline

