Денеска во Македонија ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, на места пообилни, особено во јужните делови од земјава. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. На крајот на денот од запад облачноста ќе се намалува, а дневните температури ќе се движат во интервал од 8 до 14 степени. Во четврток и петок се очекува сончево време со умерена облачност и максимални 18 степени.
Извор: УХМР
Facebook Коментари