Време-Променливо облачно и студено

- Македонија
386

Денеска ќе преовладува променливо облачно и студено време. Претпладне со повремен локален дожд и снег, претежно во јужните делови. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 1 до 3 степени. Утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност и студено. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми, а во текот на ноќта во северните делови ќе има повремени врнежи од дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, поизразен вдолж Повардарието. Дневната температура ќе се движи во интервал од -7 до 4 степени.

Извор: УХМР

Facebook Коментари