Време-Променливо облачно и свежо со повремени врнежи од дожд

- Македонија
337

Денеска ќе преовладува променливо облачно и свежо време со повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни и пообилни, особено во западните и јужните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, повеќе изразен вдолж Повардарието. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 16 до 20 степени.

Претежно облачно и свежо со повремени врнежи од дожд. На места врнежите ќе бидат пообилни, особено во западните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, повеќе изразен вдолж Повардарието.

Извор: УХМР

Facebook Коментари