Денеска во Македонија ќе преовладува променливо облачно и значително потопло време со сончеви периоди. Во утринските часови и во ноќта кон недела, претежно на запад и крајниот исток ќе има врнежи од дожд. На планините над 1800 метри ќе има повремен снег. Ќе дува умерен до засилен западен ветер. Дневната температура ќе се движи во интервал од 3 до 16 степени. Слично време со максимални 17 степени ќе имаме и во недела.
Извор: УХМР
Strugaonline
Facebook Коментари