Денеска ќе биде претежно облачно, на југ со сончеви периоди, а со повремен дожд претежно во северните делови од земјата. На планините врнежите ќе бидат од снег, а повремен снег ќе има понекаде и на повисоките места. Ќе дува слаб до умерен северен ветер во северните делови и слаб јужен во јужните делови од земјата. Дневната температура ќе се движи во интервал од 6 до 11 степени. Утре ќе биде променливо облачно, уште од ноќта со повремени врнежи од дожд, на планините од снег пообилни во западните делови. Врнежите ќе преминуваат во снег и на некои повисоки места и на планините ќе се формира дополнителна снежна покривка. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец кој ќе продолжи и преку ноќта. Дневната температура ќе се движи во интервал од 6 до 12 степени.
Извор: УХМР
Facebook Коментари