Време-Променливо облачно, наместа нестабилно со локален пороен дожд

- Македонија
644

Денеска ќе преовладува променливо облачно, наместа нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а во вечерните часови вдолж Повардарието засилен ветер од северозападен правец. УВ=7. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 26 до 34 степени. Утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. УВ=8. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 27 до 36 степени.

Извор: УХМР

Facebook Коментари