Време-Променливо облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

- Македонија
469

Денеска ќе преовладува променливо облачно време, претпладне со повеќе сончеви периоди. Попладне и во вечерните часови на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а ќе има и услови за појава на град. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, кој кон крајот на денот вдолж Повардарието ќе се промени во северен. УВ=7. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 25 до 31 степен. Утре ќе биде претежно облачно и значително посвежо со врнежи од дожд, особено претпладне. Ќе дува силен северен ветер. УВ=5. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 16 до 23 степени.

Извор: УХМР

 

Facebook Коментари