Време-Променливо облачно, попладне со повремен дожд

- Македонија
416

Денеска ќе преовладува променливо облачно време, во попладневните часови со повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 17 до 22 степени.

Утре ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, пообилни во западните делови. Ќе дува умерен, а на места долж Повардарието и во источните делови, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 15 до 19 степени.

Извор: УХМР

Facebook Коментари