Денеска во Македонија ќе преовладува порменливо облачно време, од пладне и попладне нестабилно со локален пороен дожд и грмежи како и засилен северозападен ветер. Локално се можни поинтензивни процеси, особено во западните и јужните делови од земјава. УВ индексот ќе има вредност 8, а дневната температура ќе се движи во интервал од 21 до 36 степени. Слично време, со максимални 32 степени ќе преовладува и утре.
Извор: УХМР
Strugaonline
Facebook Коментари