Време: Променливо облачно со дожд, снег се очекува во четврток

- Македонија
695

Денеска во Македонија ќе преовладува променливо облачно со врнежи од дожд. Попладне во источните делови врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Локално се очекува да наврнат над 30 л/м2. Претежно облачно и студено време со засилен  северен ветер ќе имаме утре. Ќе има услови за слаби повремени врнежи од дожд, а на повисоките места врнежите ќе бидат од снег. Од четврток се очекува значителен пад на температурите со максимални 6 степени низ Македонија и провејување на слаб снег.

Извор: УХМР

Strugaonline

Facebook Коментари