Време: Променливо облачно со локален дожд

- Македонија
538

Денеска претпладне ќе преовладува променливо облачно време со локални врнежи од дожд, попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, особено изразен вдолж Повардарието каде повремено ќе засилува. Дневната температура ќе се движи во интервал од 28 до 36 степени. Утре ќе биде претежно сончево и топло, попладне со изолиран развој на нестабилна облачност, проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Дневната температура ќе се движи во интервал од 29 до 37 степени.

Извор: УХМР

Facebook Коментари