Денеска ќе преовладува променливо облачно време со локални врнежи од дожд, главно во западните и источните делови од земјава. На планините врнежите ќе бидат од снег. На истокот на места се очекуваат краткотрајни поројни врнежи проследени со грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 7 до 14 степени.
Утре ќе биде облачно со врнежи од дожд, на повеќе места пообилни (и над 25 л/м2). Во западните делови на планините и на повисоките места врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира позначителна снежна покривка. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 2 до 12 степени.
Извор: УХМР
Facebook Коментари