Денеска ќе преовладува променливо облачно време со повремен пороен дожд и грмежи, локално и во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на град. Во западните делови ќе дува засилен ветер од западен и југозападен правец. УВ=7. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 27 до 36 степени.
Утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во планинските подрачја ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од западен правец. УВ=6. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 25 до 33 степени.
Извор: УХМР
Facebook Коментари