Денеска ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, на места поројни проследени со појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 14 до 20 степени. Утре ќе биде умерено до значително облачно и посвежо со локални врнежи од дожд, на места поројни, проследени со грмежи. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер, особено вдолж Повардарието. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 10 до 18 степени.
Извор: УХМР
Facebook Коментари