Време-Променливо облачно со слаб до умерен ветер

Претпладне променливо облачно со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне облачноста ќе се намали.
Утре ќе биде умерено облачно со слаб до умерен, а попладне вдолж Повардарието повремено засилен јужен ветер. Попладне во западните делови ќе има локални врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе се прошират на повеќе места.
Извор: УХМР

